Неименуван маж буквално оживеал иако се било подготвено тој да биде погребан. Додека неговите роднини и пријатели се простувале со него, тој почнал да мрда.
Шокираните гробари веќе се подготвувале да да го спуштат во гробот, кога забележале дека телото во ковчегот мрда. Додека собраните луѓе се фаќале за глава, покојникот покажувал и знаци на дишење.
На гробиштата брзо дошле доктори кои констатирале дека човекот, кој требало да биде погребан, всушност е жив.
Веднаш е поведена истрага за тоа како луѓето од мртовечницата дале дозвола да се погребува жив човек.