(ВИДЕО) Нијагарините водопади замрзнати

Делови од Северна Америка ги зафатија ледени денови со рекордно ниски температури, а Нијагарините водопади биле речиси замрзнати.

Оваа глетка на речиси замрзнати водопади во источниот дел на Северна Америка, на границата меѓу САД и Канада, предизвикале воодушевување кај посетителите, а на фотографиите направени од воздух може да се забележи дека изгледаат како зимска бајка.

Секоја секунда се слеваат неверојатни 3.160 тони вода по Нијагарините водопади, што значи дека целосното замрзнување е невозможно поради огромниот волумен на вода. Наместо тоа, површинската вода и маглата често замрзнуваат, пишува „New York Post“.

Арктичката зимска бура што го погоди поголемиот дел од средниот запад и северниот дел на САД, однесе 63 животи.

Екстремните временски услови за време на викендот ги спуштиле температурите под нулата, а најлоша била ситуацијата во Бафало, на околу 40 километри од Нијагарините водопади.

 

tocka.com.mk