(Видео) Нова порака од Зеленски: Нема да го положиме оружјето

Претседателот на Украина, Вoлодомир Зеленски, денеска изјави дека земјата нема да престане да се бори со, како што рече, рускиот агресор.

Зеленски во видео обраќање пред неговата канцеларија ги повика сограѓаните да не веруваат во пропаганди и лаги, пренесува УНИАН.

„Сега на мрежите се појавија многу лажни информации за да ја повикаат нашата војска да го положи оружјето и дека eвакуација е во тек. Значи, тука сум, нема да го положиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава, оружјето е нашата вистина. Ова е наша земја, наша држава, наши деца и сето тоа ќе го заштитиме“, истакна Зеленски.