Новиот директор на бирото за Метрологија, Авдуљ Сељам Селами, мислел дека тоа е наука за времето и временската прогноза.
Во говорот по повод денот на Метрологијата, самиот ја сподели со јавноста оваа информација.
-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето – рече новиот директор на Бирото за метрологија Селами.
Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.
видео: ФБ Богдан Илиевски