(ВИДЕО) Ова е моментот на земјотресот во Тајван: Патот почна да се ниша, возилата отскокнаа, водата во базенот „скока“

Смртоносен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван во средата, при што според последните извештаи загинаа најмалку четири лица.

Десетици луѓе беа повредени, а многумина останаа заробени во урнатините.

Ова е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години.

Моментот на разорниот земјотрес го снимила автомобилска камера на автопат во источен Тајван.

Возилата застануваат откако патот ќе почне да се ниша како да е од гума. Автобусот и автомобилите се одбиле додека земјата силно се тресела.

Друго видео покажува како водата во базенот на покривот буквално скока, додека сè околу него се тресе.

 

telegraf.rs