Пожар избувна на камионска постојка, утрово околу 4:30 часот, во Хамбург. Огнот забрзано се шири, а полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се движи силен чад. На местото на пожарот наводно истекува водород сулфид.
Според германските медиуми изгорена е целата станица , а пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски. Во околината се уште одекнуваат детонации. Граѓаните од населбата Ротенбургсорт добија официјална препорака да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од димни гасови и хемиски соединенија во воздухот.
Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а воспоставени се алтернативни правци.
https://twitter.com/hcarthyc_/status/1644914476997550081?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1644914476997550081%7Ctwgr%5Eecab9052619fcfbd0980ba76865b2f87a6221eb2%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fsvet%2Fogromen-pozhar-vo-hamburg-oblak-poln-so-hemikalii-se-shiri-niz-gradot%2F
видео: Twitter