Снимката од пожарот покажува густ облак црн чад, додека некои возачи трчаат кон местото на пожарот за да се обидат да ги спасат своите возила.
Пожарот избил на импровизиран паркинг на семејната фарма Робинсон во Тексас, во околу 13 часот во сабота, и тоа во текот на одржувањето на годишниот есенски фестивал кој привлекол стотици гости.
Шефот на локалната противпожарна служба Крис Малстед изјавил дека причината за пожарот допрва треба да се потврди, но дека смета дека пожарот е предизвикан од цигара, која, како што рекол, „била непрописно фрлена на тревниот паркинг“.
Локалните противпожарни единици успеале да го изгаснат пожарот по два и пол часа, а тоа што е најважно е дека во овој инцидент нема повредени.
Снимката од пожарот покажува густи облаци од црн чад, додека некои возачи трчаат кон пожарот за да се обидат да ги спасат своите возила.
Во разговорот со локалните медиуми оние кои биле сведоци на пожарот велат дека брзо се проширил. На крајот изгореле дури 73 автомобили.
tocka.mk