Дронот кој пред три дена падна во Загреб е изваден од земја. Официјалните хрватски институции соопштија дека дронот носеле експлозив кој бил активиран. Повеќе детали ќе бидат соопштени по истрагата на извлеченото беспилотно летало.
-Беа пронајдени траги од експлозив поради што моравме да го евакуираме студентскиот павиљон во близина и да пристапиме кон ископување. Од досегашните податоци знаеме дека леталото не било извидничко туку носело бомба која експлодирала. Деталите ќе бидат утврдени во истрагата која се одвива, а најдена е и црната кутија од дронот која што треба да помогне, изјави Марио Баножиќ, министер за одбрана на Хрватска.
Дронот е од советско производство, во Хрватска долетал преку Романија и Унгарија, а засега нема информација која страна во војната во Украина ја испалила.