На 96 годишна воздраст почина најдолговечната британска кралица Елизабета Втора.
Да потсетиме, претходно денеска лекарите објавија дека се загрижени за здравјето на кралицата и препорачаа таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал. Веднаш биле известени сите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и Хари и Меган, кои побрзале во палатата да бидат со кралицата.
Британската премиерка Лиз Трас рече дека целата земја ќе биде „длабоко загрижена“ за здравјето на кралицата Елизабета, откако лекарите рекоа дека кралицата треба да остане под медицински надзор. „Целата земја ќе биде длабоко загрижена од оваа вест од Бакингемската палата“, рече таа.