На 12.02.2025 во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје. При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.