Надојдената река Драва во Хрватска „проголта“ цела населба.
Се гледаат само покривите на куќите над површината на водата и неколку напуштени чамци.
Водостојот продолжува да расте, а во стариот дел на Содерица, таканаречениот Кетер, реката потопила сè што ќе и се најде на патот, објавува еПодравина.
Словенија е во полоша состојба. Илјадници луѓе се евакуирани. Загинаа 6 луѓе, а штетите чинат неколку милијарди евра.
fokus.mk