Денеска (31.08) околу 08.10 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го приведоа С.А. (34) од Арачиново, кој избегал од затворот КПУ „Идризово“, а е осуден на затворска казна од 12 години поради извршено кривично дело убиство. На автопатот „Пријателство“, по претходно добиени оперативни сознанија, сопрено е возило „форд“, управувано од Б.Р. (47) од Арачиново, кој е исто така осудено лице што издржува казна затвор во КПУ Идризово, но бил ангажиран да работи надвор од затворот. Во возилото како сопатник бил С.А., кој е приведен и ќе биде предаден на КПУ „Идризово“. Известен е јавен обвинител и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заради утврдување на други лица инволвирани во бегството на С.А. од затворот.
Related Posts
СДС и ДУИ уплатија 200 милиони евра за изградба на коридорите 8 и 10, а на терен една лопата не е фрлена, велат од ВМРО ДПМНЕ
182 ден од 2023 година, над 200 милиони евра се префрлени на изведувачот на коридорите 8 и 10, без да…
(ВИДЕО) Пендаровски: Интерконекторот ИГН отвора сигурна порта за диверзифициран природен гас за Југоисточна Европа
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Софија, Република Бугарија, се обрати на церемонијата по повод почетокот на комерцијалната работа на гасниот…
Ристовска: ВМРО ДПМНЕ блокира, од 87 закони дури 1/3 се закочени во комисија која ја води опозицијата
Пратеничката на СДСМ Лолита Ристовска во рамките на денешната собраниска седница нагласи дека опозицијата ја блокира работата на собраниските комисии.…