(ВИДЕО) Санирана е комплетната инфраструктура на малиот плоштад во Охрид – повторно тече вода од фонтаната

За првпат откако е изграден се изврши комплетна санација на плоштадот Мини маркет.
Санирана е комплетната инфраструктура на плоштадот. Екипи на ЈП “Водовод” извршија санација на водоводните системи и фонтаните. Се изврши чистење на одводните мрежи и се изврши целосна санација на системот за јавно осветлување.
Се поставија нови клупи и канти за отпадоци и се санираа оштетувањата на амфитеатарот.
Со овие зафати се врати повторно убавиот изглед на Плоштадот и можноста повторно да прерасне во урбано катче за дружење на граѓаните, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

https://www.youtube.com/watch?v=JdyfKbJwj4Y&ab_channel=Ohrid1%2FNews1