(ВИДЕО) Се*с инцидент летот на EasyJet од Лутон – Велика Британија

Патниците и членовите на екипажот на летот на EasyJet од Лутон – Велика Британија до популарното шпанско летувалиште Ибица не можеа да им веруваат на своите очи, кога беше откриено дека двајца патници имале секс во авионскиот тоалет.
Видеото објавено на социјалните мрежи го прикажува моментот кога двајцата во акција беа откриени, при што патниците реагираат изненадено, а членовите на екипажот ги криеја лицата од срам.

Како што изгледа, сепак, и покрај откритието, двојката нормално си продолжи со својот чин, откако мажот со еден потег ја затвора вратата од тоалетот.

Според портпаролот на EasyJet кој зборуваше за Дејли Мејл „при пристигнувањето на летот од Лутон до Ибица на 8 септември полицијата интервенираше поради однесувањето на двајца од патниците“.

извор: mms.mk