Најмалку 20 лица се здобиле со повреди во судир на два трамваи во Стразбур, источна Франција, пренесуваат локалните медиуми.
Според досегашните информации, несреќата се случила поради непочитување на сигнализацијата од страна на возачот, кој влегол на погрешна пруга и се судрил со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Првичните извештаи укажуваат дека петмина од повредените се во сериозна состојба.
Од противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin информираат дека на местото на несреќата се распоредени повеќе екипи за помош и спасување.