Силна експлозија одекнала во центарот на Смедерево, Србија нешто пред 21 часот, јавува Инстаграм профилот „192_rs“. Како што се наведува, се стравува дека има жртви. Полицијата го блокирала местото на настанот.
На друштвените мрежи се појавија видеа и слики на кои се гледа расфрлано стакло низ целиот пат, како и голем број вознемирени граѓани кои излегоа на улица. Како што јави РТС, најмалку едно лице го загубило животот, а две се повредени.
View this post on Instagram
Како што можете да видите на видеата, низ целата улица има расфрлано стакло, полициски ленти се закачени околу зграда, каде што се претпоставува дека се случила експлозијата.
На социјалните мрежи се појавија и информации дека наводно причина за експлозијата била плинска боца.
Како што јави РТС, во експлозијата во зградата загинало најмалку едно лице, а две се повредени. Сè се случувало на четврти кат од зграда во центарот на градот, а дури три ката биле кренати во воздух.