Невремето со грмотевици околу 16 часот го погоди поширокото подрачје на Сплит, јавуваат локалните медиуми. Имаше сериозни проблеми во сообраќајот – патиштата беа под вода, а авионот на Кроација ерлајнс кој летал од Минхен за Сплит не можел да слета поради невремето.
Далмација денеска пишува дека многу дожд наврнал во областа Трогир, на Чиово и Шолта. Таму за помалку од еден час наврнаа 20 и повеќе литри дожд на метар квадратен, а на места имаше и порои. Невремето им предизвика проблеми на патниците од авионот на Кроација ерлајнс кој полета од Минхен во 14:25 часот.
index.hr