(ВИДЕО) Силно торнадо во Тексас: 3 загинати, 50 повредени, 200 куќи уништени

Вчера силно торнадо го погоди градот Перитон, Тексас, при што загинаа најмалку три лица, а околу педесетина беа повредени. Од локалната противпожарна служба велат дека торнадото најверојатно уништило околу 200 куќи.

Шефот на противпожарната служба на Перитон, Пол Дачер, изјави за Си-Ен-Ен дека повеќето од исчезнатите лица се пронајдени и дека се уште се трага само по едно лице. Од трите жртви, двајца загинаа во центарот на градот, а третото лице во парк за приколки на североисток, рече Дачер.

Xcel Energy изјави за CNN дека Перитон е без струја и дека државата Тексас и околните градови испраќаат помош. Во Перитон живеат околу 8.000 луѓе. Градот се наоѓа во северниот дел на Тексас во близина на границата со Оклахома.

 

 

index.hr