Скандал без преседан се случи во Техничкото училиште во Трстеник. Како што се гледа од видеото објавено на социјалните мрежи за време на часот додека зборувале со наставникот, учениците ја тргнале столицата на која седела, по што несреќната жена завршила на подот на училницата.
Малтретираната наставничка во текот на вечерта завршила на итна помош а во моментов е на боледување.
Наставничката претходно им кажал дека е непристојно да стојат зад грбот на некого, по што еден ученик и го тргнал стол на кој седела по што наставничката паднала а сите ученици почнале да се смеат.
Овој инцидент е симен од ученик со мобилен телефон, а друг ученик снимката ја објавил на социјалните мрежи.
Покрената е дисциплинска постапка против тројца ученици од ова училиште.
Како што изјави Милан Глиџиќ, директор на Техничкото училиште, за РТС, инцидентот се случил во училница во која нема безбедносни камери, и биле известени надлежните власти, како и родителите на учениците.
“Ги презедовме сите правни мерки, ги информиравме сите институции кои беа потребни, училишната администрација. Покренав образовна и дисциплинска постапка и кога ќе бидат утврдени сите факти, учениците ќе бидат казнети со одредена дисциплинска мерка – вели Глиџиќ.
Видеото може да го погледнете на овој линк