Новинар на Си-eн-eн известува дека руските сили го зазеле аеродромот Антонов, кој се наоѓа на околу 20 километри од Киев, главниот град на Украина.
„Овие војници што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, се наведува во ивештајот објавен на „Твитер“ во чиј прилог е прикачено и видео.
Од раните утрински часови се водат жестоки борби во Украина. Руските сили напаѓаат од повеќе правци, поддржани од сепаратистите и Белорусија. Проектили паѓаат врз украинските градови, се слушаат сирени, а голем број луѓе ги напуштаат градовите.
Советникот на кабинетот на претседателот на Украина, Микаило Подолијак, денеска соопшти дека постои можност руски војници да влезат во владини објекти во центарот на Киев со цел да се спроведе специјална операција за соборување на украинската влада.
Breaking: @mchancecnn with Russian forces at the Antonov airport about 15 miles outside of Kyiv. "These troops you can see over here, they are Russian airborne forces. They have taken this airport" pic.twitter.com/SnvmwQ1GeA
— Natasha Bertrand (@NatashaBertrand) February 24, 2022
CNN