Во Белград во акција на локалната полиција се уапсени две сестри Х.В.(29) и Х.З.(24), под сомнение дека шверцувале и препродавале дрога.
Според српските медиуми, станува збор за двајца словенечки државјани со потекло од Косово. Како што може да се види на видеото кое го објави српската полиција, тие се уапсени во – чорапи.
При преглед на автомобилот управуван од Х.В., а на совозачкото седиште Х.З., полицијата во специјално направен бункер пронашла 48 пакетчиња марихуана за кои се сомневаат дека ги превезувале за понатамошна препродажба.
Запленети се вкупно околу 30 килограми марихуана.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и заедно со кривичната пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.
index.hr