(ВИДЕО) Српски туристи со оро на плажа против ајкули во Хургада

Сезоната на одмори започна и популарните летувалишта веќе се преполни со туристи, кои одлично се забававуваат иуживаат покрај плажите, чистата вода.

На социјалните мрежи речиси секој ден се појавуваат видеа и фотографии, додека летната сезона е во полн ек.

Во видеото, кое се најде на социјалните медиуми и за брзо време стана популарно, може да се забележат неколку десетици туристи од Србија, фатени рака под рака, како играат оро во плиткото, на плажа во Хургада.

Туристите очигледно со своето расположение, ја „загрејале“ атмосферата, бидејќи покрај музиката, во позадина се слушаат аплаузи и довикувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 381.srb (@381.srb)

Но, според коментарите кои беа напишани, очигледно ова однесување на туристите го подели мислењето на луѓето и предизвика бурни реакции.

„Ова е убав одмор“; „Србија“. Што друго да се каже! Богови.“, гласea дел од позитивните коментари.

Но, имаше и негативни коментари кои го осудуваат ваквото однесување.

„Што докажуваат со тоа? Чуден народ сме…пиј пиво, бањај, уживај…како личи ова Вашар!!!”

instagram