Најмалку 50 лица, од кои 10 потешко, се повредени во торнадо што мина низ неколку места во западна Германија. Според досега познатите информации, загинале најмалку 3 лица.
Најмногу повредени има во градот Падерборн, кој се наоѓа меѓу Франкфурт и Хамбург. Поради последиците од невремето во тој регион бил прекинат железничкиот и патниот сообраќај.
Камион натоварен со хартија изгоре попладнево во скопската населба Автокоманда. Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините…