На видеото објавено на социалните мрежи се гледа како две жени излегуваат од прозорците и како двајца мажи им помагаат безбедно да го напуштат возилото. Сепак, автомобилот не беше спасен. Девојката која ја снимила целата ситуација подоцна во полицискиот извештај објаснила дека екипажот на едрилицата бил сведок како автомобилот влетал директно во пристаништето до нив.
„Сцената беше неверојатна, сите се прашувавме што се случува! Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија во пристаништето и ги следеа упатствата на ГПС, кога летнаа во водата“ изјавил сведокот.
vecer.mk