Седумнаесетгодишен ученик нападна вработена во неговото училиште, затоа што му го одзела „нинтендото“ на кое играл за време на часовите, пренесува „Јаху“.
Нападот се случил на 21 февруари во средното училиште „Матанзас“ во Палм Коуст, Флорида, а на објавеното видео се гледа како ученикот дивјачки се залетува жената, ја соборува, по што почнува и да ја шутира и удира. Петмина вработени едвај го оттргнуваат од жената, која веќе изгубила свест.
Од кабинетот на шерифот наведено е и дека ученикот е висок 198 сантиметри, а тежок 120 килограми.
Ученикот рече дека бил вознемирен затоа што наставната асистентка му го одзела неговиот Nintendo Switch за време на училишните часови, се вели во полицискиот извештај.
После тоа, ученикот повеќе од десет пати ја удира жената која онесвестена лежи на подот.
Нападот траел околу 25 секунди. Неколку лица натрчаа за да го задржат ученикот и да спречат нападот да продолжи. Претепаната жена завршила во болница со тешки повреди.
Студентот е уапсен и приведен, соопшти канцеларијата на шерифот. Ќе му се суди како на возрасен.
republika.mk