На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од грабеж на бензинската пумпа „Арена“ во мостарската населба Центар 2 што се случи синоќа во доцните вечерни часови. На видеото е снимен моментот кога двајца вооружени и маскирани разбојници упаднале во објектот и заканувајќи им се на присутните момчиња украле две каси.
Pljačka benzinske crpke u Mostaru. pic.twitter.com/mS2aDgU6Fp
— Uredništvo hercegovina info (@UrednistvoI) September 15, 2023
Инцидентот се случил на улицата Анте Старчевица кај бензинската пумпа „Арена оил“ (поранешна станица „Центар“). Извори од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) потврдија дека грабежот се случил околу 3 часот по полноќ, а го извршиле две маскирани лица.
Засега не се знае колку пари се украдени. Извори од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) потврдија дека грабежот се случил околу 3 часот по полноќ, а го извршиле две маскирани лица. Засега не се знае колку пари се украдени.