Европската комисија вечерва ја избриша објавата со видеоизјава на претседателката Урсула фон дер Лајен, во која таа рече дека во војната во Украина досега загинале „100.000 украински офицери“, а овој гаф беше избришан и од пишаното соопштение на шефицата на ЕК.
Таа во објавата наведе дека е неопходно Русија да се повика на „меѓународна одговорност“ поради случувањата во Украина и да се употребат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.
Откако твитот беше избришан и заменет со нов, во кој од снимката е „исечен“ спорниот дел, на Твитер се појави споредба меѓу двете видеа:
https://twitter.com/AZgeopolitics/status/1597913370023579648?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1597913370023579648%7Ctwgr%5Ec2a36f2520e01d09bf934231c2c0861614397115%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-ek-izbrisha-tvit-so-tezhok-gaf-na-pretsedatelkata-fon-der-lajen%2F
извор: TWITTER