Обилните дождови повторно создадоа огромни проблеми во некои градови во Хрватска.
Имено, жителите на Нови Винодолски од утрото на Фејсбук објавуваат за маката што ги снашла, а еден од корисниците на таа социјална мрежа околу 10 часот напишал дека сѐ е се полошо.
Во Нови Винодолски силен дожд кој паѓаше во текот на ноќта и во текот на утрото ги поплави улиците во градот.
Крајбрежните области се целосно потопени, а снимки од големи количества вода кои се излеваат на улиците се снимени на бројни локации низ градот, пренесува Јутарњи.хр.
На социјалните мрежи се шират фотографии од потонати автомобили и автобуси, а отежнат е и пристапот до дуќаните Плодин и Томи.
Сообраќајот низ градот, како и делот од Јадранската магистрала што минува низ него, според видеото е речиси невозможен.
Мораше да интервенираат и пожарникари.
– Премногу врнежи и несоодветно изграден одводен канал создаде проблеми. Дождот не врнеше со денови, туку неколку часа и направи огромни штети – изјави еден од жителите на Нови Винодолски.
index.hr