Првиот претседател на Централниот комитет на историското ВМРО Христо Татарчев во тестаментот својот имот во општините Ресен и Кукуш го оставил на државата Бугарија. Ова тврдење во емисијата во Центар го изнесоа авторот на емисијата Васко Ефтов и Благојче Танасоски кој е гостин во емисијата.
Според тврдењата Татарчев кој е роден во Ресен, во својот тестамент напишал дека имотот кој го има во овие две општини го остава во наследство на Бугарија, доколку тие општини станат дел од територијата на оваа држава.
Д-р Христо Татарчев роден е на 16 декември 1869,во Ресен, а починал на 2 јануари 1952 година во Торино, Италија. Тој е еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет.
Д-р Татарчев оставил тестамент, завештание, напишан своерачно, на три страници, во Торино, 1952 година. Тестаментот гласи:
– Јас, долупотпишаниот д-р Христо Николов Татарчев, населен во Торино, Италија, го напишав своерачно следниот тестамент, по слободна волја и целосно сознание, без какво и да е надворешно вмешување или принуда, со кое го оставам во наследство на жена ми Софија, д-р Христо Николов Татарчева, Петро Логотети, која живее исто како и јас привремено во градот Торино, “Виа Гилберти” 24, целиот недвижен имот, идеалната половина дел од куќата која се наоѓа на аголот на улиците “Цар Борис” и “Егзарх Јосиф” во Софија, Бугарија и сите парични суми, кои се наоѓаат во бугарските и италијанските банки и ја правам моја единствена наследничка по тестамент, согласно законите на мојата држава Бугарија. Моја желба е по нејзината… издршка до смртта, ако остане нешто од мојот идеален дел од гореспоменатата куќа да биде дадено по еднаков дел на општините кукушка и ресенска – Македонија, за просветно – културни цели, ако последните општини се во пределите на голема Бугарија; во спротивен случај да се даде за просветителни културни цели на општините на кој и да е македонски град кој останал под бугарска власт… Со овој тестамент ја изразувам последната моја волја и ги обезвреднувам сите претходни своерачни тестаменти напишани од мене. Овој тестамент го завршувам денес, на шести јули илјада деветстотини и четириесет и втора година, во градот Торино, Италија во присуство на моите сонародници др. Христо Манов, д-р Тома Флоров и архитект Никола Дулгеров, сите населени во Торино
You sent