(ВИДЕО) Шестмина загинаа во страшно торнадо во Ајова, меѓу кои и деца

Шест лица загинаа во торнадо што во саботата ечеше низ Винтерсет во американската сојузна држава Ајова, а меѓу жртвите има и две деца, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на локални власти.

Торнадото во доцните попладневни часови погоди делови од Ајова југозападно од Де Мојн, главниот град на државата и предизвика сериозни штети, јавуваат локалните медиуми, пренесува Ројтерс.

Поради силната и разорна бура, повеќе од 10.500 жители на Де Мојн останаа без струја.

Националната метеоролошка служба објави дека торнадото е означено како EF3, што значи дека било придружено со удари на ветер до 332 километри на час и издаде предупредување дека ситуацијата е „крајно опасна“.

 

telegraf.rs