И покрај тоа што зимата сеуште трае калндарски , сепак природата, климата и температурите кои ги имаме оваа зима не го наговестуваат тоа. Се случува сосема спротивното. Календарскиот почеток на проелтта е 22 март, но веќе во природата не важи тоа правило, бидејќи денес 15 февруари сме сведоци на долетан штрк од топлите краишта.
Ако птиците преселници беа синоним за почеток на пролетта и ако генерациите наназад учеа дека тие доаѓаат крајот на март и почетокот на април, сега веќе тоа правило се побива со фактот што веќе штковите оваа година се вратени многу порано од нормалното.
Видеото е направено на патниот правец од Струга кон Дебар.
https://www.youtube.com/watch?v=pfEnb6Ju8IQ