Јапонец потрошил повеќе од 15.000 долари за да го исполни „својот сон“ да се трансформира во четириножно животно.
着ぐるみをオーダーしてました! おかげさまで動物になってみたいという夢を叶えることができました! https://t.co/jUFxSWW6cl pic.twitter.com/zJIX8VcWfm
— トコ(Toco) (@toco_eevee) April 11, 2022
Човекот, кој моментално е познат само по неговото корисничко име на Твитер, Токо, потрошил два милиони јапонски јени (15.700 долари) за да создаде реалистичен, груб костим на шкотски овчар во кој би можел да живее.
Видеото што овој човек го сподели на Твитер минатиот месец е прегледано над 1,7 милиони пати од тогаш. На видеото се гледа како човек се тркала на земја во неговиот костум од шкотскиот овчар и покажува кон камерата со својата „шепа“.
Токо има и канал на Јутјуб преку кој документира клипови од својот живот во костум со крзно. Во описот на каналот напиша: „Сакав да бидам животно, па станав!“
Според компанијата која го произвела костимит биле потребни 40 дена за да го изработи.
Во интервју за јапонската медиумска куќа MyNavi, Токо рече дека избрал костим за овчар затоа што долгото крзно на кучето ќе ги прикрие човечките аспекти на неговата фигура.
„Моите омилени животни се четириножните, тие ми се особено слатки“, изјави Токо. „Значи, направив костим од шкотски овчар, мојата омилена раса на кучиња“.
извор: NultaTačka/Independent.co.uk