(ВИДЕО) ЈП Водовод: На АСНОМ има дефект на главната водоводна линија, ќе има прекин во водоснабдувањето повеќе часа

При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата “Асном”, настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм.
Поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена, валат од ЈП Водовод Охрид.

Во објавата додаваат:

Се известуваат корисниците од улиците: “Асном” , “Никола Карев”, “Галичица”, “Мирче Ацев”, “Карпош Војвода”, “Ванчо Питошески” и дел од Бул.Туристичка дека прекини во водоснабдувањето ќе има и во наредните неколку дена, до целосно завршување со санацијата.

извор: ЈП Водовод