(ВИДЕО) Јутјубер платил „дебело’ за Ферари кое го расипал за неколку минути

Ја избрал жолтата копија и веднаш по предавањето тргнал на првото возење. Во исто време, јасно е дека автомобилот не е дел од некоја идна колекција, но тој го купил за да ужива во него и патем да ја зголеми својата популарност на социјалните мрежи.

Веројатно не сметал на чувствителноста на производот на Ферари, кој по само неколку „поагилни маневри“ киксираше. Наместо да се смири и да се справи, Пол многу брзо дивееше во автомобилот, а откако километражата покажа 90 километри, автомобилот запре.

Наместо да го искористи потенцијалот на моќниот хибриден погон со 830 КС и да доживее, меѓу другото, брза реакција и забрзување (0-100 km/h за 2,9 секунди), Пол го расипа Ферарито уште пред да влезе во првиот свиок. Се вртеше во место и „црташе кругови“, а потоа на дигиталната контролна табла почна да се прикажуваат информации за дефект на одредени системи, од селекторот Манетино, преку ESC и автоматската рачна сопирачка, па се до светлата. Пораката беше јасна: „Обратете се кај застапникот“.

 

vesnik.com