Ислам Халилов (15) спасил повеќе од 100 луѓе за време на масакрот во Москва, така што ги упатил да бегаат преку еден излез за да ги избегнат терористите.
Дури кога видов луѓе како бегаат од ескалаторот сфатив дека нешто се случува. Тогаш сфатив дека се работи за терористички напад. Извикав: „Пукање, луѓе, сите, трчајте кон Експо“ – раскажа момчето за рускaта телевизија Раша тудеј (РТ).
🇷🇺 Fifteen-year-old Islam Khalilov emerges as a hero, saving over 100 lives during the Crocus City Hall terrorist attack.
Despite his young age, Islam, an ordinary schoolboy who worked part-time in the wardrobe, remained composed and followed emergency protocols meticulously.… pic.twitter.com/Pp7uyTryHA
— Russian Market (@runews) March 23, 2024
Кога новинарот го прашал дали последен си заминал, тој рекол: „Никого не оставив зад себе, сите ги одведов до излезот“.
Тој видел само еден од напаѓачите и го опишал дека имал брада, бил камуфлиран во зелена облека и носел пушка во раката. Останатите не ги видел зашто нападот се случил на вториот кат и не можел да види ништо друго.
'Better to sacrifice yourself than let hundreds die'
15-year-old Islam describes how he helped dozens escape Moscow's Crocus City Hall during the terror attack – making sure he didn't leave anyone behind
Follow us on Telegram: https://t.co/gtQwYY5WSl pic.twitter.com/tAzDimg6sU
— RT (@RT_com) March 24, 2024
Тој рекол дека му верувал на својот инстинкт и сакал да постапи исправно.
На прашање дека можел да загине зашто останал последен, младиот Ислам рекол:
Подобро да го жртвувам својот живот отколку да загинат сто луѓе.
Во петокот на 22 март во руската престолнина беше извршен страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Исламска држава (ИСИС).