Wizz Air ќе ги обнови летовите на последните шест линии од скопската база кои останаа во прекин долго време бидејќи скопскиот аеродром врши реконструкција на својата единствена писта. Нискобуџетниот превозник ќе ги продолжи летовите за Бремен на 30-ти мај, за Будимпешта и Малта на 1-ви јуни, за Ваксјо на 2-ри јуни и за Болоња на 3-ти јуни. Летовите за Торино исто така ќе започнат на 1-ви јуни. Летовите на сите шест линии ќе сообраќаат двапати неделно во текот на летната сезона.
Wizz Air наскоро планира да го зголеми бројот на летовите до Билунд, Турку и Нирнберг двапати неделно, до Берлин, Копенхаген и Фридрихсхафен три пати неделно, до Келн и Гетеборг четири пати неделно, до Малме пет пати неделно и до Базел на 10 пати неделно во наредниот период.
Авиокомпанијата распореди пет авиони во базата во Скопје, од кои три се Ербас А321 со капацитет од 230 седишта, а другите два се Ербас А320 со капацитет од 180 седишта.
улица.мк