Викендов доаѓа до промена на времето, зимски температури со дожд, снег и северен ветар

За време на викендот кој што ни доаѓа, нашата Македонија ќе биде зафатена од нов влажен воздушен бран од запад кој ќе услови нови врнежи од дожд а на планините врнежите ќе бидат од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми. За време на овој бран на врнежи, тие ќе бидат пообилни во западните предели, и локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.

Поради спуштање на значително поладна воздушна маса од север, во недела на 15 Декември, врнежи од снег ќе има и на повисоките места со надморска височина од околу 1000 метри. Сепак, поради дополнителното заладување, во недела навечер и ноќта кон понеделник, односно 15 спрема 16 Декември врнежи од снег ќе има и на местата со надморска височина од под 1000 метри, па така не се исклучува можноста провејување на снег таа ноќ да има понекаде и во градовите, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Во недела попладне и навечер, а особено во понеделник на 16 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите тие во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во недела тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Во понеделник наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, додека на високите  и планинските места тие ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени. Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот само од -1 до 7 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk