Од производствената индустрија велат дека за еден месец цената на електричната енергија на отворен пазар е зголемена за над 200 проценти и ако продолжи тој тренд не се сигурни дали ќе можат да ги задржат цените.
Поради ова минатата недела имале и средба со министерот за економија на која истакнале дека поради цените на електричната енергија можеби сега не е време за креирање на т.н. „Новогодишна кошничка“.
Сметаме дека поради состојбата на пазарот со струја не е време за новогодишна кошничка која се планира да биде донесена затоа што нема да има ефект, но се сложивме да учествуваме. Ако овој тренд со цената на струјата продолжи а државата не преземе мерки многу ќе биде тешко да се задржат цените, велат од производствената индустрија.
Од Регулаторната комисија са енергетика појаснуваат дека малите потрошувачи можат да се вратат на регулиран пазар согласно нивните проценки. Многу од нив поради тоа што имаа подобри услови на отворен пазар одлучија да се снабдуваат со електрична енергија од таму, но во последно време цените на берзите почнаа да дивеат и во некои денови надминуваа и 400 евра за мегават час, како што беа на самиот старт на енегетската криза.
skopjeinfo.mk