Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 15 јули до 17 јули) направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи со ковид-19 и 670 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција. Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.
Од 899 новозаболени од Скопје се 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.
Од 670 оздравени пациенти од Скопје се 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.
Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на ковид-19. Вкупниот број дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а на активни случаи изнесува 2.719.
МЗ