Владата го разреши Арафат Муареми, за в.д. директор на Управата за финансиска полиција назначен Горан Иванов

Горан Иванов е назначен за в.д. директор на Управата за финансиска полиција. На позицијата доаѓа како предлог на Комисијата за кадровски прашања на СДСМ и мина на денешнат владин седница по разрешувањето на досегашниот прв човек на Управата, Арафат Муареми.

Мандатот на Муареми заврши во април оваа година. Но тој, сепак, остана како в.д. директор на Финансиската полиција до неодамнешното, како што и самиот објави, самоволно, заминување од функцијата по претресот на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и кривичната пријава што ја поднесе против обвинителката Вилма Русковска.

извор: Влада