Братот на исчезнатиот македонски државјанин Мартин, Горан Јовановски преку социјалната мрежа Фејсбук упати благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција, како и до Генералниот Конзулат во Солун кои изминативе три дена заедно со неговото семејство се во потрага по Мартин.
„Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош. Затоа апелираме од македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела и Владата да организира некаква акција“, пишува тој.
Тој додава дека не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин.
Инаку, момчето се води како исчезнато од сабота попладне, кога бил однесен од силни морски струи, на плажата Мити, во Посеиди, Халкидики.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсетува дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори…
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека e објавен конкурсот за доделување на 3.000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година.…