Владата денеска донесе одлука од утре да се зголеми замрзнатата цена на доматите на 95 денари по килограм. Истата цена ќе важи и за краставиците, а за 10 денари се зголемува и цената на кромидот.
Максималната цена на пиперките ќе биде 100 денари со новата корекција од Министерството за економија. Леќата ќе се продава најмногу по 110 денари по килограм, додека сите останати производи кои подлежат на мерката ќе бидат под 100 денари.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека изминатата недела при увозот пристигнале, како што вели пореални фактури, на кои забележително било дека поскапувањето на доматите, краставиците, кромидот и гравот е за 30 отсто.
Оваа мерка ќе трае цел месец и доколку забележиме поевтинување на цените на фактурите во текот на времето, ние ќе интервенираме со поевтинување – рече Бектеши.
По овие корекции, министерот смета дека повеќе нема да се крие овошјето и зеленчукот по магацините и дека ќе се најде во редовна продажба непречено.
Во однос на лажните фактури, со кои се прикажувал поевтин увоз на овошје и зеленчук, тој кажа дека Царинската управа се координира со институциите во Турција и Грција во потрага по виновниците.
фото: Архива