Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ја осуди агресијата која што Русија ја изведе утрово врз Украина.
-Тоа е акт на агресија, која што е недозволива. Ја почитуваме и поддржуваме територијалната незавиност на Украина. Стоиме со народот на Украина во оваа ситуација. Нудиме помош на Украина толку колку што можеме и така како што можеме да помогнеме во овие тешки моменти, рече Маричиќ.