Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи (ОРД) остануваат длабоко вкопани во своите ровови, кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра, а Владата порачува дека за нив е прифатлив било каков постигнат договор меѓу нив.
На денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС), најмногу време се посвети на Буџетот за наредната година и сумите предвидени за исплата на плати во јавниот сектор. Од Синдикатот се задоволни што се предвидени, речиси, 14 отсто повеќе средства и нагласуваат дека нема да има поместување по однос на нивното барање – минималец – 450 евра.