Влада: Осум странски инвестиции на Владата – Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места

Официјално започна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ Кичево.

Ова е осма странска инвестиција за само шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, која ќе отвори дури 600 нови работни места и истата ќе се одвива во повеќе инвестициски фази.

Имајќи предвид дека изминатите шест месеци се реализираа 7 нови странски инвестиции на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања, инвестицијата на „Епсотех“ за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестиција на „Брејнчајд“ во вредност од 8,5 милиони евра и вработување на околу 200 лица, инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, како и инвестицијата на „АД БАУ Интернационал“ во вредност 7 милиони евра и отвора 200 нови вработувања, и инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања е осмата странска директна инвестиција, со што бројот на ново отворени работни места се зголеми за скоро 2800.

Овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на Македонија, како и поттикнување на локалниот економски развој.

Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Ја трансформираме Македонија напред и создаваме подобра иднина и надеж за сите граѓани.

Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места.

Владата продолжува да работи на реализација на проектите и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, се со цел годината да ја завршиме со над 1 милијарда евра странски директни инвестиции.