Влада: Произведени 11.446 MWh струја изминатото деноноќие, 100% покриени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

АД ЕСМ на 04.11.2022 година произведе 11.446 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните произведени се 8.092 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.354 MWh.

АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 04.11.2022 година.

извор: Влада