Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека стапува на сила велигденското примирје.
Претходно руските медиуми објавија дека тој се сретнал со началникот на Генералштабот на Руската Федерација Герасимов.
Според Владимир Путин, велигденското примирје ќе започне денеска во 18 часот. Како што наведе, прекинот на огнот ќе трае до полноќ на 21 април по московско време.
Претседателот на Русија нареди да се прекинат сите воени акции за време на велигденските празници.
Путин ги повика и претставниците на властите во Киев да „го следат примерот на Русија“.
„Русија отсекогаш била подготвена за преговори и ја поздравува желбата на САД, Кина и другите земји да постигнат договор за Украина“, рече Путин.
4news.mk