Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 милиони евра. Трасата поминува по имоти кои подоцна биле купувани од лица блиски до тогашната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
–Врхушката на СДС и ДУИ, сакала да профитира од експропријацијата. Народот очекува одговор за тоа дали власта сакала да си инкасира милиони преку блиски лица. Информирано е јавното обвинителство и се чека да се покрене постапка. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по помала цена. Државата ќе нема загуба, туку блиски лица на поранешната власт на СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија нема 300 милиони евра за фрлање за автопат од 10 километри“.
-СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони. Неодговорното и неспособно работење и однесување завршува со нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.