Груби е правно неспремен.
Не постои во Законот за безбедност на класифицирани информации, термин “деловна тајна” и дека се издава безбедносен сертификат на лица за да имаат пристап во деловна тајна
Во однос на заканите на координаторот за криминал Артан Груби дека објавувањето на договорот за коридорот 8 кривично ќе се одговара би го истакнале следново:
Заканите се најдобра потврда дека владата на Ковачевски крие скандалозни работи и обврски за кои кривично ќе се одговара бидејќи создале финансиски обврски за државата и ја ставиле во подредена позиција.
Договорот кој Артан го крие не е никаков класифициран податок.
Груби би требало да знае дека странско правно лице (во случајов Бехтел и Енка) не може да бидат создавач на класифицирана информација.
Ниту па има закон со кој истиот се прогласува за деловна тајна.
Добро е Груби да одговори:
Со каков степен на доверливост е означен договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка?
Кој е создавачот на класифицираната информација – договорот меѓу Владата и Бехтел и Енка?
Добро е коалициските ортаци да се договорат, Груби кој вели дека договорот е класифициран, и Каевски кој вели дека не е.
И треба да знаат дека затвор не им бега.