Дали Џафери во Берлин ќе му каже на својот германски колега дека ги пцуе, вреѓа и врши мобинг на вработените во собранието?
Нели му е непријатно на Талат Џафери и Димитар Ковачевски кога одат во земјите од ЕУ и нашите стратешки сојузници, каде моралните вредности се на највисоко ниво, и дали не се срамат дека тие дознале за нивниот примитивизам?
Како се чувствува Џафери кога зборува за човекови права, демократија и етички кодекс, а тој самиот е причина за трауми на десетици вработени во собранието?
Џафери ја срами Македонија, и позицијата која ја држи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото се додава:
Талат Џафери по доаѓањето од Берлин треба да си поднесе оставка, а доколку тоа не го стори истото од него да го побара Димитар Ковачевски. Доколку и Ковачевски продолжи да релативизира, тој треба да знае дека народот го гледа и него како одобрувач на односот на Џафери, но и отворено ќе се сомнева јавноста дека односот на Џафери, е и однос на Ковачевски со неговите вработени.
Примитивизмот на оваа власт е исто така една од причините зошто ни се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.
фото: Архива